Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради огромната тетоважа во боја на митолошко суштество на неговиот грб, Бен Афлек се најде на мета на критики и исмевање од јавноста. Станува збор за тетоважа за која Афлек пред неколку години тврдеше дека е привремена, а не трајна.
Оваа тетоважа прв пат ја видовме во 2015 година, кога Бен го снимаше филмот Live by Night. Една година подоцна изјави дека станува збор за привремена тетоважа која ја направил за потребите на филмот.
„Всушност, имам неколку тетоважи, но секогаш се обидувам да ги направам на места кои се помалку забележливи“, изјави Афлек во 2016 година.
Судејќи според она кое можеме да го видиме, изгледа дека вистината не е баш таа и таква. А со оглед на тоа дека тетоважата кој му го прекрива целиот грб Афлек ја направи во периодот кога Џенифер Гарнер ги поднесе документите за развод после 10 години поминати во брак со Бен, се верува дека тој го истетовира фениксот бидејќи оваа митска птица го симболизира повторното раѓање.
„Феникс кој се крева од пепелта? Што сум јас во тоа сценарио? Пепел? Одбивам да бидам пепел“, изјави Гарнер за Vanity Fair.
Оваа тетоважа ги подели мислењата на неговите обожаватели кои распалија со шеги и потсмев на социјалните мрежи.
Next time you’re feeling sad, remember that you’re not Ben Affleck so you (probably) don’t have a tattoo so big and so ugly and so universally ridiculed that you had to lie and say it was only temporary and just for a movie when it is so clearly not. (https://t.co/MQJfdA25tk) pic.twitter.com/sU72CUK4TG
— Crystal Methanny (@RafiDAngelo) March 18, 2018
„Следен пат кога ќе бидете тажни, сетете се дека не сте Бен Афлек и дека (веројатно) немате толку голема и толку грда тетоважа која глобално е толку исмевана што морате да лажете дека е привремена, а очигледно не е така“, напиша еден корисник на Твитер.