Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свештеник на Малта предизвика гнев во јавноста со чаламот со својот нов Porsche автомобил кој, за иронијата и бесрамноста да бидат поголеми, му го влече деца од неговиот црковен реон.
На фотографиите се гледа свештеникот Џон Султана како стои во Porsche Boxterсо спуштен покрив и им мавта на насобраните жители на местото Зебога на островот Гозо. Во два реда десетина деца со јаже го влечат луксузнуот спортски автомобил.
Malta: when the church embraces kleptocratic culture. Parish priest standing in a convertible Porsche Boxster S being pulled through his village by children. Source and video: https://t.co/PRBaxz17HN pic.twitter.com/xjwkL74xr3
— Matthew Caruana Galizia (@mcaruanagalizia) November 12, 2018
„Жал ми е, но за мене тоа едноставно не е проблем и таквите коментари не се во ред.“ коментираше свештеникот прашан за инцидентот што предизвика жестоки критики.