Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерството за правда, денес, во 15 часот, ќе ги објави клучните наоди од увидот во начинот на користење на системот АКМИС – Автоматизиран информациски систем за управување со судските предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS).
Сознанијата кои беа добиени од увидот денес ќе ги презентира министерот за правда Билен Саљији, во присуство на заменик-министерот Оливер Ристовски и двајца претставници на Комисијата која го вршеше увидот во судовите – државниот советник во ресорот правда, Валентина Шаурек, и судијата Лазар Нанев.
Јавноста со огромен интерес го очекува овој Извештај, кој треба да открие како се користел системот наменет за електронска распределба на судските предмети: дали тие навистина биле распределувани по случаен избор или се давале на рака на „подобни судии“ во зависност каков е политичкиот интерес за разврска на одреден предмет, односно дали е тоа предмет на СЈО и кај кој судија би било добро да биде „распределен“.
Сомнежи за манипулативна распределба на предмети беа нотирани и во првиот Извештај на експертската група предводена од Рајнхард Прибе: „Постои перцепција дека овие правила не се секогаш почитувани и дека може да се најдат начини за да се заобиколи системот“.