Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Јавните претпријатија Македонија пат, Ј.П. за стопанисување со објекти за спорт, Македонска радиодифузија, Македонски шуми, Водовод и канализација, остануваат редовни должници кон Управата за јавни приходи.
УЈП објави нова листа на должници која опфаќа физички и правни лица со долгови доспеани до 31.12.2016 година и неплатени до 31.03.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Од јавните претпријатија кои се најдоа на оваа листа, најголем долг кој изнесува 6.9 милиони евра има Македонија пат кој е втор на листата на должници на УЈП. Прв на листата е акционерското друштво Отекс од Охрид чиј вкупен долг изнесува 11.1 милион евра.
Од листата, физичко лице со најголем долг кон УЈП е кумановец со вкупен долг од 1.8 милиони евра.
Од вкупниот број должници 3120 се фирми и компании, а 1120 се физички лица.