Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Фискалната стратегија која ја изработи Министерството за финансии, јавниот долг во 2020 година треба да достигне 6,5 милијарди евра.
Според владината стратегија, планот е јјавниот долг на државата да се зголеми до рекордни 54,8 отсто од Бруто одмашниот производ (БДП) во 2020 година. Планот е дел од новата фискална стратегија од 2019 до 2021 година. Според проекциите, вкупниот јавен долг ќе се зголемува во сите следни години. Така ако лани, Македонија должела сума која е 47,6 отсто од БДП, за годинава јавниот долг е проектиран да биде 50,6 отсто од БДП. Сепак во 2019 година оваа Влада предвидува раст на долгот до 54,2 отсто, додека до 2020 година да стаса до дури 54,8 отсто од БДП. Ова ќе биде рекорден јавен долг во историјата на државата. За 2021 година е планирано јавниот долг да биде 53,8 отсто од БДП. Од Министерството за финансии кое е креатор на стратегијата велат дека и покрај зголемувањето, нивото на јавниот долг ќе се задржи во одржливи рамки без да се наруши фискалната одржливост. Затоа, велат, долгот нема да премине 60 отсто од БДП.
„Врз основа на среднорочната буџетска рамка од која произлегува потребата за финансирање на буџетските дефицити на среден рок, потребите за отплати на претходни долгови, како и имплементацијата на проектите кои се надвор од централната власт, движењето на јавниот долг на среден рок ќе има умерен пораст, но сепак ќе се движи во адекватни рамки, односно нема да ја загрози одржливоста на долгот, стои во стратегијата.
Инаку според проекцијата само догодина или во 2019 година, Владата планира да позајми 600 милиони евра на домашниот и на странскиот пазар.
„Во 2018 и 2019 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата. Заради тоа се очекува зголемување на состојбата на гарантираниот долг, и се утврдува лимит за максимално нето задолжување по основ на гарантиран долг во 2019 година до 250 милиони евра, велат од Министерството за финансии.