Јасни знаци кои укажуваат дека на вашата врска и дошло крај

врска

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Луѓето понекогаш остануваат во врски во кои не се многу задоволни, со надеж дека ситуацијата ќе се подобри со тек на време.

Но, времето брзо поминува, а сето останува и понатаму исто. Можеби тоа е така поради стравот од тоа дека ќе бидете сами, или пак од чиста навика. Причината и не е така важна. Најважно е како се чувствувате. Ова се знаци кои укажуваат дека е време за крај.

Вие се трудите, но на партнерот воопшто не му е гајле

„Секогаш гледам париви кои имаат проблем со комуникацијата. Еден од партнерите секогаш се труди нешто да промени, но другата половина едноставно не го слуша. Им треба помош како да пристапат со цел да бидат слушнати“, изјавува советникот за врски Азарон Андерсон. Проблемот е недоволна заинтересираност на едниот партнер, што укажува на недостаток на љубов.

Еден од вас имал афера

Аферите се случуваат. Одлуката останува на вам дали ќе опростите или сепак не. Како и да е, доколку партнерот мисли дека може лесно да помине и да го направи повторно истото, време е за крај на врската.

Не се почитувате

„Ова е една од главните причини за прекин на врската. Како ќе ја помините следната година со личност која не ја почитувате и која не ве одушевува? Можеби почитта да се изгубила од повеќе причини. Тоа е многу важно во врската“, изјави психотерапевтот Гери Браун.

Сексот ви е се поредок

Не мора да биди само секс. Можеби воопшто не се гушкате, бакнувате и на крај не водите љубов. Исчезнале страстите, а можеби и љубовта. Едно води кон друго, на крај можеби и нема да разговарате.

Повеќе немате исти планови

Можеби сегашните планови ви се разликуваат од оние кои сте ги имале на почетокот од врската. Додека ти сакаш семејство, партнерот можеби одлучил да гради кариера. Немој да мислите дека со тек на време тоа ќе се смени, и дека ќе биде по ваше, затоа што нема.