„Јас засекогаш ја променив астрономијата, тој ја доби Нобеловата награда за тоа“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Растејќи во квејкерско опкружување, Џослин Бел Барнел била воспитувана да верува дека има право на образование колку што има право било кој друг на тоа. Но, како девојче во 1940-те години во Северна Ирска, нејзиниот ентузијазам за наука се судрил со непријателски настроените учители и машки соученици за таа нејзина желба за знаење.

Потценета таму, Џослин заминала да студира радио-астрономија на Универзитетот Глазгов, каде била единствена девојка во големиот број студенти.

Во 1967 година Џослин направи откритие кое беше престврт во нашата перцепција на универзумот. Како докторанд на Универзитетот Кембриџ и асистентка на астрономот Ентони Хјуиш, таа ги откри пулсарите – компактни, високо магнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација како некој вид на космички светилници.

Но, како што покажува „The Silent Pulse of the Universe“ од Бен Праудфут, светот сè уште не беше спремен да прифати дека револуционерен пресврт во астрфизиката може да направи една млада жена.