„Јас и Лин, отпосле“ во Тејк Фајв во Прилеп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ана Стојаноска, издавачката куќа „Блесок“ и Jazz club „Take Five“ од Прилеп, ве покануваат на една поинаква литературна дружба. В петок на 01.07.2016г., во 20.00ч. во Jazz Club „Take Five“ Прилеп ќе имате можност да присуствувате на читањето на делови од романот ЈАС И ЛИН, ОТПОСЛЕ, ќе слушате зборови придружени од музиката во романот и ќе гледате актери кои ќе ги оживеат ликовите.

L1025203Романот ЈАС И ЛИН, ОТПОСЛЕ е напишан пред 12 години. Оваа година доживеа да биде објавен. До официјалната промоција на романот, авторката реши да понуди поинаков начин на презентирање. Романот е пуштен во продажба и оставен на читателите да го изберат низ редиците многу книги во книжарниците.

Овој петок, во Прилеп (не само затоа што авторката е од Прилеп), во џез клубот Take Five, прв пат гласно ќе слушнеме како звучат зборовите напишани во овој роман. Интимно читање на романот во еден здив, заедно со музиката од романот.

Ова читање, заедно со впечатоците на читателите (напишани или снимени), ќе бидат дел од промотивниот филм за романот што е дел од официјалната промоција која ќе следува во септември.

Се работи за еден колажен роман, што се базира на две приказни: љубовната приказна на една млада писателка, од една, и дел од романот што самата го пишува, од друга страна. Клучна одредница на романот е цитатноста, односно, воспоставените интертекстуални и интермедијални релации со многубројни песни од современата музика, како и со реплики од познати драмски остварувања. Во прилог на хибридноста на жанрот се и писмата и неколкуте дневнички записи суптилно интерполирани во структурата на романот.
***
Романот прикажува класичен љубовен триаголник, но мора да се нагласи дека воопшто нема патетика во третманот на љубовта, на против! Љубовта е грчевита, драматична, впрочем, како и во животот. Интровертниот свет на главната хероина се темели на сеќавања и реминисценции, на реални и фиктивни доживувања, на емоции и музика…