Јапонците лижат монитори


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Прототипот на ТВ екран, кој може да се лиже бидејќи е способен да симулира вкусови на храна, е креиран од страна на професор од Јапонија.

Со име „Taste-the-TV“ (вкуси го телевизорот), уредот има десет канистри кои прскаат вкус на хигиенски филм, кој е поставен преку екранот и корисникот може да го лиже.

Професорот Хомеи Мајишита, од Мејџи универзитетот, сугерира дека телевизорот може да се користи за обука на готвачи или сомелијери од далечина.

„Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како ручање во ресторан на друга страна од светот, дури и кога се наоѓаат дома“, вели Мајишита.

Тој е во преговори со произведувачите за имплементирање и примена на други технологии за распрскување на вкусови.

Доколку биде комерцијализиран, овој уред кој може да се лиже би чинел околу 875 долари.