Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека повеќето европски земји се скептични во врска со виртуелните валути, со исклучок на Естонија, која сепак е чекор напред пред другите, во Азија сериозно размислуваат за воведување сопствени криптовалути. Откако беше објавено дека Кина ве ќа подготвува својата централна банка за издавање кинески национални криптовалути, слични најави стигнуваат и од Јапонија.
Конзорциум од јапонски банки се подготвува за издавање нова национална дигитална валута. За разлика од Естонија, која својата валута estcoin би ја користела за финансирање на фонд кој потоа ќе инвестира во стартапи и други проекти, јапонската валута ќе ја замени постојната готовина. Тие сакаат да развијат технологија која на Јапонците ќе им овозможи да користат дигитални пари и да плаќаат стока и услуги со помош на паметен телефон.
Со воведувањето на дигитална валута јапонските банки ќе ги намалат огромните трошоци кои ги имат поради користењето хартиени пари, од транспорт до осигурување и снабдување. Според некои предводувања, J Coin, како што се нарекува неофицијално, може позитивно да влијае на јапонската економијам а би се менувал со јенот во однос еден наспрема еден. Јапонскиот проект, кој има поддршка од централната банка, треба да биде лансиран за време на Олимписките игри 2020 година, кои ќе се одржат во Токио.