Јапонци „соголени“ во Рим: За две порции шпагети со риба им наплатиле 433 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брачен пар туристи од Јапонија во Рим останале шокирани кога во еден ресторан им ја донесле сметката која требало да ја платата.

Двајцата јапонски туристи останале во шок откако за две порции шпагети и риба во обичен ресторан во Рим им побарале да платат 433 евра.

Фотографијата од сметката веднаш ја објавиле на сајтот Trip Advisor , а на неа се гледа како за скромен оброк за две лица во ресторанот Antico Caffè di Marte им побарале 430 евра. Брачната двојка нарачаладве порции риба со шпагети , а пиеле само вода, па сепак им наплатиле и 80 евра за дополнителни услуги.

Тие напишале дека во менито имало цена од 6,5 евра за 100 грама мешана риба , а сметката сепак била далеку повисока. Откако се пожалиле , им кажале дека на послужавникот имало 4,8 килограми риба , на што Јапонците уште повеќе се изреволтирале , зашто тврдат дека имало далеку помалку.

По оваа објава на Јапонците , ресторанот доби стотици негативни коментари ,а оценката од петка му падна на двојка, односно две ѕвездички.

Од ресторанот за италијанските медиуми се правдаат дека Јапонците јаделе свежа риба, што самите ја одбрале од пултот , што е далеку поскапа отколку смрзнатата.

Ова не е единствениот случај кога туристите се жалат на ненормално високите цени во рестораните во туристички места во Италија. Во мај на туристи им беше наплатено 81 евра во кафуле близу Ватикан за хамбургер и капучино. Во јануари, еден турист во Фиренца плати 22 евра за сладолед, а откако полицијата беше повикана, слаткарницата мораше да плати казна од околу 2.000 евра за измама. На тајванскиот турист му било кажано дека сладоледот чини толку многу, зашто корнетите се вкусни.