Јапонски воз тргна 20 секунди порано – еве кои беа последиците од тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од возовите на јапонска железничка компанија која делува во секторот за јавен патнички железнички сообраќај тргнал од станицата 20 секуди пред определеното време за поаѓање.

Поради тоа, од управата компанијата задолжена за линијата „Цукуба експрес“ помеѓу Токио и Цукуба упатија јавно извинување до патниците и останатата јавност.

„Искрено се извинуваат заради непријатноста предизвикана со прераното тргнување“, пренесува Би-би-си.

Во соопштението се наведува дека возот требало да тргне точно во 09:40:40 по локално време, но наместо тогаш, заминал во 09:40:20, затоа што екипажот не го проверил добро распоредот, пренесува „Фена“.

Во соопштението се додава дека немало никакви жалби на прераното тргнување од станицата Минами Нагарејама, северно од Токио.

Многу корисници на социјалните мрежи реагирале изненадено на соопштението на оваа компанија. „Цукуба експрес“ ги пренесува патниците од Акихабара во источен Токио до градот Цукуба за околу 45 минути.

Возовите во Јапонија ретко кога поаѓаат во поинакво време од наведеното во распоредот. Јапонските железници спаѓаат во најсигурните на светот.