Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мицуширо Ивамото е јапонски слеп морнар кој успеа да направи неверојатен подвиг и станувајќи првиот слеп чоевк кој успеал да го преплови Тихиот Океан без да направи ниту едно застанување.
52-годишниот Ивамото препловил 14.000 километри со помош на навигаторот Даг Смит.
На 12 метри долгата јахта тој пристигнал во пристаништето Фукушима, после цели два месеци поминати на отворени води.
Ивамото ја напуштил Калифорнија на 24 февруари заедно со Даг Смит, американски навигатор кој му помагал, наведува „БиБиСи“.
Неговиот обид да ја премине оваа раздалеченост во 2013 година завршил неуспешно, откако неговиот брод удрил во кит, за потоа да потоне. Тогаш се вмешала јапонската војска која го спасила.
Тој за јапонската новинска агенција „Кјодо“ изјавил дека овој пат претставува “остварување на сонот“ и оти тој сега е “најсреќната личност на светот“.
Ивамото, кој го изгубил видот кога имал 16 години, управувал со бродот, додека Смит му давал вербални насоки советувајќи го за насоката и во случаите на опасност.