Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Креативните и неуморни Јапонци иновираа лесно пренослив електричен скутер на надувување погоден за возење на кратки и средни релации.
Ова необично електрично возило на надувување го носи името „Poimo“ а развиено е на Универзитетот во Токио.
Иразот „Poimo“ потекнува од англиските зборови „portable and inflatable mobility“, кои ја означуваат суштината на овој скутер- лесно преносливо индивидуално превозно средство на надувување.
Како што велат неговите создавачи, ова е нов облик на пристапен превоз кој има за цел да го промени начинот на кој сите кои живеат во сообраќајно задушените урбани подрачја, ќе се движат низ градот.
Моменталное во фаза на прототипм овој пренослив електричен скутер може да се спакува во ранец од средна големина, а по надувувањето е подготво за возење за само неколку минути.
После возењето, исто така брзо може да се издиши и да се врати во ранецот. На тој начин се убиваат две муви со еден удар, велат креаторите на ова возило- не губите нерви во сообраќајот, а не губите време ниту за барање на паркинг место.
Освен тоа, бидејќи овој е-скутер е постојано со вас, не морате да се грижите ни за тоа дека некој ќе го украде.
„Poimo“ е развиен на Универзитетот во Токио и проектиран е така да може да се надува со електрична пумпа за вкупно една минута. Доколку немате електрична пумпа, може да се користи и рачна, но тоа го успорува процесот.
Откако е-скутерот е напумпан, возачот треба уште да ги прицврсти предните и задните тркала, електромоторот, батеријата и безжичниот контролер, како и рачните за управување.
Дизајниран да го собере во ренец кога не се користи, овој прототип тежи 12 килограми, но неговите творци имаат намера да го направат полесен пред готовиот производ да излезе на пазарот.