Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Припадничката на царското јапонско семејство, принцезата Мако, го предаде својот кцарски статус бидејќи ќе се мажи за сосема „обичен“ маж, без никакво монархиско потекло и „сина крв“, кој работи како правник.
25-годишната внука на царот Акихитo се вери со правникот Кеи Комуро, кој го запозна додека студираше факултет. Според јапонските закони на империјата, принцезата мора да го напушти царското семејство ако се омажи за човек кој нема царска или кралска крв.
Се очекува дека овој потег ќе предизвика расправа за царското наследство, како и дека царот наскоро ќе абдицира. Ниту еден јапонски цар не абдицирал два века и законот тоа моментално не го дозволува, но моментално се разгледуваат измени на законот со кои би му се дозволил таков потег на царот. Можат да го наследат принцовите Нарухито, Фумихито, Хисахито и Масахито.
Принцезата Мако и Кеи Комуро се запознаа во 2012 година, во ресторан, кога и двајцата студираа на Меѓународниот универзитет Кристијан во Токио. Парот наскоро и официјално ќе се венча на церемонија во чии рамки следи и размена на подароци. Мако веќе ја напушти царската палата.
И нејзината тетка Сајако се омажи за обичен граѓанин во 2005 година, што беше прв пат член на јапонското царско семејство да остане без својот монархиски статус. Се пресели во еднособен стан, учеше да вози автомобил, да купува во маркети и да бира мебел – сè она кое никогаш не го правела додека живееше во палатата.