Актуелно

Јапонската полиција заплени рекордни 400 килограми кокаин вредни 73 милиони долари

Јапонските полициски служби во пристаништето на градот Кобе запленија рекордна количина на кокаин во износ од 400 килограми, чија улична продажна вредност се проценува на вртоглави 73 милиони долари, соопшти Царината на Јапонија.

Дрогата била запленета минатиот месец но дури денеска е објавена оваа информација поради тоа што официјалните преставници на полицијата и царината не смееле да објават детали поради истрагата.

Во август годинава јапонските власти запленија 177 килограми кокаин во префектурата Аичи.

Засега не е познато од каде кокаинот пристигнал во земјата на изгрејсонцето , но според јапонската новинска агенција Кјодо, дрогата во Кобе пристигнала по грешка.

Advertisements
To Top