Јапонска уметница од картон прави импресивни уметнички дела (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јапонската уметница Монами Охно картонот го претвора во фасцинантни уметнички ремек-дела.

Охно е доста креативна уметница која од картон изработува разни фигури, од ликот на Супер Марио, па до ликовите од франшизата „Војна на ѕвездите“.

Она што посебно импресионира се многубројните детали кои ги содржат нејзините дела. Монами има 25 години, а студираше на Универзитетот за уметност во Осака. Фигурите кои ги изработува од картон ги прави уште од 2011 година, а некои од нив погледнете ги во галеријата.