Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако последно ги препрои островите кои се во нејзина сопственост, Јапонија откри дека има 7.000 повеќе отколку што се мислело досега, пренесува Си-ен-ен.
Дигиталното мапирање од страна на Јапонската агенција за геопросторни информации (ГСИ) неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е двојно повеќе од бројот 6.852 што е во официјална употреба според извештајот на јапонската крајбрежна стража од 1987 година.
Сепак, ГСИ оваа недела истакна дека новата бројка го одразува напредокот во геодетската технологија и дека не ја променила вкупната површина што ја поседува Јапонија. Се вели дека иако не постои меѓународен договор за тоа како да се бројат островите, бил користен истиот критериум за големина како претходното истражување пред 35 години.
Островите околу Јапонија се во центарот на неколку територијални спорови. Јапонија тврди дека има право на јужните Курилски Острови кои ги држи Русија, а кои Токио ги нарекува Северни територии. Спорот датира од крајот на Втората светска војна. Јапонија исто така вели дека има историско право на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење.
Во меѓувреме, Јапонија и Јужна Кореја остануваат во повеќе од 70-години долг спор околу суверенитетот на група островчиња познати како Докдо во близина на Сеул и Такешима во близина на Токио во Јапонското Море, кое Кореја го нарекува Источно Море.