Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред Летните олимписки игри во 2020 година, кои ќе се одржат во Токио, организаторите ќе ги повикаат јавните личности во Јапонија да донираат стари телефони и слични уреди, со цел – да се изработат 5.000 бронзени, сребрени и златни медали за настанот, пишува „Тек-Кранч“.
Јапонскиот олимписки комитет има намера да собере близу осум тони метал пред Олимпијадата и Параолимписките игри, чија организација Меѓународниот олимписки комитет и ги довери на Јапонија пред две години. Металот од уредите по „рециклирањето“ ќе биде заменет со потребното злато, сребро и бронза.
Кутиите за собирање на уредите ќе бидат поставени во просториите на јапонските мобилни оператори во април годинава.