Advertisements
Вебкафе

Јапонија до март планира да собере 2 тони благородни метали од отпад – еве ја причината

Јапонската престолнина Токио во 2020 година ќе биде домаќин на летните Олимписки игри, па поради тоа, Јапонците си имаат зададено јак предизвик до крајот на март оваа година, од електронски и секаков вид друг податлив отпад, да соберат вкупно 2 тона злато, сребро и бронза, од кои ќе ги изработат сите олимписки и параолимписки медали за претстојната Олимпијада.

Натпреварите на Олимписките игри во Токио започнуваат за нешто повеќе од 500 дена. Сите метали ќе бидат собрани од паметни телефони, дигитални фотоапарати и лаптопи.

Организаторите во соопштението навеле дека целната количина на бронза, сребро и злато ќе бидат извадени од електронските уреди. Се очекува целта да биде остварена до 31 март.

Потребно е да се соберат два тони злато, сребро и бронза за 5.000 олимписки медали. Дизајнот на медалите ќе биде објавен подоцна во текот на годинава.

Advertisements
To Top