Јапонец цела година ги собирал сечените нокти за од нив да направи веренички прстен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анонимен маж од Јапонија цела година ги собирал ноктите кои ги сечел од своите прсти, за од нив да изработи веренички прстен. Целата постапка од изработката на прстенот ја објави на видеоснимка на YouTube каналот Kiwami Japan.

„Никогаш не сум бил толку згаден и воодушевен во исто време“, „Не можам да се одлучам дали овие се моите најдобри и најужасни 17 миунти од животот“, „Зошто да потрошиш илјадници долари на дијамантски прстен, кога можеш да направиш нешто вака магично“, се само некои од коментарите кои гледачите ги оставија на снимката.

Откако собрал доволна количина нокти, ги сомлел во блендер. После обработката на прашкастата супстанца добиена од ноктите, истата ја ставил во рерна 90 минути. Ноктите се претворија во црна леплива материја слична на глина.

Потоа смесата ја оформил во форма на дијамант кој го сместил во сребрен прстен кој сам го изработил.