Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес Атина со помош на Зоран Заев го завршува тоа што не успеа цели 100 години. Наскоро по вина исклучиво на Зоран Заев и СДСМ – идните граѓани на Македонија, учениците ќе учат историја напишана од грчки научници, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во членот 8 од капитулантскиот Договор се предвидува да биде откорнат, ископан, отстранет семакедонскиот симбол – Македонско сонце, предвидено е дека криминалната Влада на Заев ги прифаќа сите географски имиња –историски македонските имиња и топоними – да ги нарекува со грчки. Истиот член, прифатен со пенкалото на Заев, предвидува формирање на таканаречена „заеднички интердисциплинарен комитет“, кој што ќе изврши ревизија на било кои учебници и помошни наставни материјали – како историски карти, атласи, наставни упатства за да обезбеди, како што се вели „нити еден учебник да не содржи какви било иредентистички односно ревизионистички упатувања“, вели Јанушев и додава:
„Понатаму, Комитетот исто така ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали. Зоран Заев и Никола Димитров со овој договор сакаат со пенкало да ја избришат цела македонска нација, целата нејзина историја, се атакува на нејзино културно наследство, целосно на нејзината државност, прикажувајќи ја како целосно нова вештачки измислена творба. Иако тоа не беше дел од преговорите, сега со добрата волја на Заев, од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин“.
За почеток, потенцира Јанушев, тие ќе исчезнат од македонските учебници, македонските патокази од сите документи.
-Грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. Откажувањето од топонимите е бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Солун ќе биде Тесалоники, Кукуш, родниот Кукуш на Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден – Едеса. Кутлеш – станува Вергина! Костур – Касториа! Сер – Серес! Со овој договор се врши бришење на културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет, подвлекува тој и додава:
„Зоране, со потписот на Димитров на твојот личен капитулантски Договор ја отуѓуваш сета македонска историја која се поврзува со делувањето на македонските дејци пред, за време и по Илинденското востание, дејци чие делување и мисла продолжува и до формирањето на македонската држава, па се’ до ден денес. Во овој Договор, во овој капитулантски Договор како гаранција за спроведувањето ќе биде формирано и тело од министри, предводено од премиерите, каде ќе се решаваат евентуалните проблеми. Доколку се појави спор, тогаш надлежен е Меѓународниот суд во Хаг. Но сите знаеме дека до спор нема да дојде, се додека Зоран прифаќа се’ што побараат од Атина!“.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба нити милиметар во своите ставови во однос на овој срамен и капитулантски Договор за името кој за нас е неприфатлив.
-ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и во одбрана на Уставот, интересите на државата и македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Повеќе нема сомнеж дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара, а Македонија ќе победи.