Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Народот се дигна против власта на Заев. Потврдена е новата реалност, народот бара промени. Тргна падот на Заев и неговата власт, а народот победува, истакна на пресконференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
-Заев ја губи поддршката, а бројот во општини каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен. Реалноста е дека народот бара правда, слобода, стандард, принци и вредности, истакна Јанушев.
Тој додаде дека власта денес воопшто не беше на висината на задачата, бидејќи се забележани огромен број на нерегуларности.
Индициите и сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека имало организирано гласање, поткуп, уцени, закани…
-Денес, народот победи. Очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и се` освен победа на Силјановска ќе фрли огромна дамка на овие избори. Ова за нас е битка за правда, принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, а падот на Заев почна.