Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше спроведена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват од МВР.
Ваквата одлука следува по одбивање на барањето на Јанкуловска, упатено до Врховениот суд за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласиа и Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).
Воедно, против Јанкуловска, во Кривичниот суд Скопје, моментално се во тек и две други предмета за „злоупотреба за службената должност”, (Таргет-Тврдина и Титаник).