Јанкуловска и Ременски се скасаа на Фејсбук


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Жестока фејсбук расправија помеѓу помеѓу Фросина Ременски и Гордана Јанкулоска. Острите  критики кои си ги упатија потпретседателката на СДСМ, Ременски и поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска следуваат по реакцијата на ВМРО ДПМНЕ каде партијата вели дека единствена реформа која била направена во времето кога Ременски била министерка за труд и социјална политика е  унапредувањето на нејзиниот сопруг од самостоен инспектор во генерален советник, инспектор во кабинетот на УБК.

Ременски на ова реагираше на својот профил појаснувајќи дека нејзиниот сопруг бил деградиран и под постојан мобинг од поранешната министерка за внатрешни работи. Додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ, наместо да се бламираат со глупави прес-конференции и пропаганда кон човекот кој работи за РМ, за правдатa и владеење на законот за сите, нека си ги погледнат своите со дела накитени лепотани, кои без пардон ќе ги обелоденам, напиша Ременски на својот фејсбук профил.

И кога следниот пат ќе излезат да лупетаат глупости, нека се присетат како нивната МВРО министерка Јанкуловска си го вработи маженцето како советник во кабинетот на Груевски во 2007 година и како во 2016 година го унапреди во главен на инспекцискиот совет со приоритетна задача да работи по партиски анонимки во интерес на партијата мафијата, да заташкува прекршувања на законите и од правото да прави криво, пишува Ременски на својот фејсбук профил.

Кутрата ги измешала лончињата, возврати Јанкулоска со јавна реакција на својот фејсбук профил.

Во 2007 Влатко Илиевски воопшто не ми бил сопруг (во брак сме од крајот на 2010), а при крај на 2016 јас не извршував никаква државна функција (последната на која бев именувана, министер заврши уште во мај 2015), напиша поранешната министерка за внатрешни работи.

Тоа што кукавички се криеше од одговорност за сите штети што ѝ ги нанесе на институцијата која те чуваше и во која работеше, е нештото за кое ќе те спомнуваат многумина, како и институции, a не само јас лично, и возврати Ременски на Јанкулоска.

Имало разлика, додека ти си го вработуваше твојот дечко во влада и му нарачуваше директорски функции од твоето партиско дувло, мојот сопруг работеше во полиција кога и ти и маж ти не сонувавте дека ќе просперирате на грбот на чесните граѓани на Македонија. Подобро е да си молчиш, Горде, возврати Ременски.

Според Јанкулоска, јасно е дека СДСМ во историјата ќе останат запаметени како срам за сопствениот народ.

Веќе е јасно дека во историјата ќе останете запаметени како срам за сопствениот народ, бидејќи таа не зависи од бедните креатури кои некомпетентноста се обидуваат да си ја покријат со воајерските приказни за тоа кој на кого и дали му бил дечко, пишува Јанкулоска.

Не можеш убиство да сокриеш. Сите сте лудаци и сите ќе завршите во затвор, и возврати Ременски на Јанкулоска порачувајќи дека добро е што Јанкулоска се огласила во јавноста после сите  зделки.

Инаку, слушнавме многу воајерски приказни последните две години, во едно ќе се согласам со тебе 100%, без никаква резерва, а тоа е твојот заклучок на вашата констатација дека, сте лудаци и дека сите ќе завршите во затвор. Ќе имате доволно време да си пишувате воајерски приказни, што видео, што аудио“, пишува пратеничката Ременски.

Јанкулоска на ова возрати дека Ременски со нејзините коментари лечи фрустрации на нејзиниот фејсбук профил. Според неа, за секого најдобро зборува пишаното. Ова расправија помеѓу двете поранешни министерки продолжи со низа реплики и контра реплики во кои беа изнесувани коментари секоја потенцирајќи ја важноста на сработеното во времето кога и двете работеле, едната во МТСП, другата во МВР.