Јанкуловска: Ни на крај памет не ми текнало да бегам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска најави дека ќе продолжи да се појавува на судските рочишта тврдејќи дека нема потреба од построги мерки за претпазливост.

Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде – рече Јанкулоска за ТВ21 и додаде дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта.

Таа е осудена на 6 години затвор за истиот случај како Груевски, а и е одземен пасошот и мора да се јавува во судот. Исто така, и беше издадена мерка забрана за напуштање на живеалиштето, односно Скопје.

Бегството на осудениот Груевски вчера го осуди и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, обвинет во неколку случаи на СЈО, меѓу кои и „Титаник“, кој од утринава е во притвор. Тој рече дека бегството ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде се заедно обвинети со Груевски.