Јаница Костелиќ чека принова – трудничкото стомаче го „камуфлира“ со широка маица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најуспешната хрватска спортистка на сите времиња, скијачката Јаница Костелиќ, очекува принова.

Освојувачката на три златни медали на Олимписките игри во Солт Лејк Сити, злато на Олимписките игри во Торино, пет злата на Светските првенства во Сент Мориц и Бормио, како и три Големи кристални глобуси од светските скијачки купови, своето бебе ќе го роди на почетокот од следната година.

sdr

Веста за нејзината бременост најпрвин ја споделила само со најблиските од семејството и пријателите и се трудела што подолго да ја задржи како тајна од јавноста.

Пред десет дена гостуваше на Правниот факултет во Риека, а под широката маица наѕираше трудничкото стомаче.

Бившата скијачка во неколку наврати изјави дека обожава деца и дека се радува да има свое дете, но дека за сè постои вистинско време. Фотографите често ја фотографираа како се дружи со своите внуци, синовите од братот Ивица, во центарот на Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deni Srdoč (@8_denilius_maximus_24) on

Отсекогаш била мистериозна околу својот приватен живот, а минатите божиќни празници беше видена во друштво на Звонимир Баришиќ.