Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар утре го очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, а тренерот Чедомир Јаневски изјави дека ги очекува да бидат освоени првите бодови.
„Ова за нас е последен натпревар во Лигата на Европа, ова ни служеше да собираме добро искуство, и ние како стручен штаб и фудбалерите видовме што значи да се игра во една ваква Лига. Овие мечеви треба да ни бидат мотив за следните сезони исто така да се обидеме да обезбедиме учество во вакви натпреварувања, бидејќи од овие фудбалери еден ден многумина ќе играат надвор, да знаат што ги очекува, и како е да се игра во Европа“, истакна Јаневски.
„Во овој последен натпревар сакаме да ги освоиме првите бодови, затоа што освен искуството мора да гледаме и резултатски. Знаеме дека резултатски не поминавме добро. Утре ни е последен натпревар, последна шанса да дојдеме до бодови. Тоа може да се направи со еден добар пристап организациски, тактички, желба, знаење и верба во своите квалитети и пред нашата публика, бидејќи знаеме дека двата меча дома не ги одигравме на нивото и доживеавме порази кои и ден денес не болат. Кончено очекувам со поддршка на нашата публика да ги освоиме тие бодови“, заклучи Јаневски и најави „рокади“ во составот.
„Од тие 19 играчи кои ги пријавивме на почетокот на ова натпреварување, имаме играчи кои не можат да настапат, Брдаровски кој подолго време е отсутен, потоа Хамбарџумјан нема да биде на располагање поради картони. Затоа ќе мораме во дефанзива да правиме неколку рокади, и утре немојте да бидете изненадени ако видите некој фудбалер на друга позиција. Но, без разлика, мора да веруваме во себе, да истрчаме храбро да дојдеме до тие посакувани бодови дома“, додаде тренерот на „црвено-црните“.