Јаневски најде нов ангажман: Седнува на кормилото на ЦСКА Софија?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најистакнатите македонски фудбалски стручњаци и екс тренер на Вардар, Чедомир Јаневски во наредните денови би требало да го преземе кормилото на ЦСКА Софија, пренесуваат бугарските медиуми.

Јаневски би бил трет македонски тренер на ЦСКА Софија, претходно на клупата на бугарскиот клуб седеа Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски.

ЦСКА е најтрофејниот бугарски клуб со 31 шампионска титула, но последната ја освои пред точно 10 години, па Јаневски ќе има задача да ги врати „црвените“ на врвот.

Весникот „Меридијан меч“ ексклузивно пренесува дека македонскиот стратег е во финални преговори со раководството на ЦСКА и до крајот на неделата би требало да биде именуван за нов кормилар.