Home Актуелно Јанева во вторник на распит кај Русковска за „Рекет“

Јанева во вторник на распит кај Русковска за „Рекет“

Конечно е потврдено – специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вторник треба да се појави на распит кај обвинителката Вилма Рускоска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за аферата и случајот „Рекет“.

Оваа вест за МИА официјално ја потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

По објавувањето на видео и аудио снимките во италијанскиот медиум „Ла верита“ стана јасно дека и обвинителката Јанева е замешана во рекетирањето на бизнисмени заедно со Бојан Јовановски.

Во ОЈО вчера беше одложено сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО за случајот „Рекет“ за утре поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението. Рустеми за МИА потврди дека исказ за „Рекет“ ќе даде денес во 12:30 часот.

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…