Јанева преку својата адвокатка побарала апанажа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Комисијата за прашања на избори и именувања, Илија Димовски, денес соопшти дека до Комисијата стигнал допис од адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во кој што се бара да и се одреди апанажа.

Во образложението на адвокатката на Јанева до Комисијата се наведува дека нејзиното барање е врз основа на законските можности кои не забрануваат и не исклучуваат можност притворени или разрешени функционери да бараат апанажа.Катица Јанева е една од обвинетите во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.