Јанева по апсењето одведена во СЈО – уапсени и двајца политичари за случајот „Рекет“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веднаш после апсењето во нејзиниот дом во населба Козле, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одведена во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Дополнително, во врска со случајот „Рекет“, Алсат пренесува дека покрај специјалната обвинителка Јанева, денес се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.

Повеќе информации за денешните драматични случувања поврзани околу аферата и случајот „Рекет“ очекуваме на прес-конференцијата.