Јанева нудела спогодба со обвинителството пред подигнување на обвинението за „Рекет“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Осомничената и притворена бивша специјална јавна обвинителка Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, дознава и пренесува Телма.

Според изворите од истрагата на кои се повикува медиумот, Обвинителството ја одбило таквата понуда од Јанева.

Вечерва, и обвинителката Русковска потврди дека еден од осомничените во првиот дел од истрагата Рекет побарал спогодба, но тоа не се официјализирало.