Јанева не се откажа од Фетаи и Бубевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По одлуката на судијката Марија Клетничка, која го води судскиот случај „Титаник 3“, одлучи да остави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да пресече дали ќе ги изземе од споменатиот случај специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, по барање на адвокатот на обвинетите во случајот, Еленко Миланов, Јанева донесе одлука.

Специјалната јавна обвинителка Јанева одлучи дека Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски нема да бидат изземени од случајот „Титаник 3“, како нејзини полномшници, пренесува Независен повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО.

Јанева ја донесе оваа одлука откако судот и го испрати барањето на адвокатот Еленко Миланов кој освен изземање на Јанева, како овластен тужител, побара изземање и на обвинителите кои го водат предметот.

Судот ќе ја соопшти одлуката попладнево. Во „Титаник 3“ осомничен е пратеникот Ејуп Аљими и Исмет Гури кои се товарат дека ја фалсифкувале волјата на гласачите.