Јанева домашниот притвор ќе го издржува во родната Гевгелија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешниот почеток на судењето во кое бившата специјална обвинителка Катица Јанева приватно го тужи Бојан Јовановски за нелегално прислушување и фотографирање, не се појавија ниту тужителката, ниту обвинетиот.

Рочиштето беше одложено поради тоа што Јовановски се наоѓа на болничко лекување. Јанева го сомничи дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја снимал и фотографирал. Овие фотографии подоцна беа искористени и како докази против Јанева во предметот Рекет, за што таа доби седумгодишна затворска казна. Адвокатот на Јанева посочи дека станува збор за 22 фотографии кои тој денеска ги достави до судот.

Воедно информираше дека од пред неколку дена, Јанева куќниот притвор го издржува во родната Гевгелија. Наредното рочиште по овој предмет е закажано за 19-ти октомври.