Јанакиевски доби 3,5 години затвор во случајот „Топлик“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Миле Јанакиевски и Томе Ѓурчиловски како екс министер и поранешен претседател на комисија за наддавање да одлежат 3,5 и 3 години затвори а останатите 4 ца службеници во министерството за транспорт и врски исто се виновни но добија условни казни од судечкиот совет во врска со продажбата на државно градежно земјиште за „Сончев град“ во судскиот случај „Топлик“.

Пред основниот суд во Скопје заврши предметот нарачен „Топлик“ во кој државни функционери оттуѓиле градежно змејиште на Водно со влијание во постапката за јавно наддавање и фаворизирале израелска фирма. Тоа обвинителството го наведе, а според суд и докажа и со оваа пресуда треба повеќе да не се повторуваат ваквите злоупотреби порача претседдателот на судечкито совет во завршниот збор на пресудата.

За Јанакиевски казната е реална, но и за останатите 4 ца службеници. Но, зошто заменик-претседателот на комсијата во транспсорт не добил затвроска казна правдата обвинителот Рустеми ќе ја бара преку жалба.

Димитар Димовски, сега актуелен партиски функционер на ВМРО –ДПМНЕ е политички прогонуван тврди неговата одбрана која наместо условна казна очекувала ослободителна пресуда.

И против Димовски се води друга постапка, што пак за Рустеми е отежителна околност. Сите обвинети во случајот се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а настанатата штета на буџетот е 64 милиони денари. Членовите на новоформираната комисија, тврди обвинителството, иако знаеле дека не се целосно обезбедени податоците за градежното земјиште ја реализирале постапката односно она што не било во ред со постапката е што дел катастарски парцели не одговарале со тоа што е предмет на договорот за купопродажба.

Потоа бил потпишан и договор со трговско друштво кое го купило земјиштето, но тој договор, според обвинителството, не можел да се реализира поради проблеми со катастарските парцели. Од тие причини договорот за купопродажба на земјиштето бил раскинат, а Министерството морало да ги врати парите и отплатило затезна камата.

Поранешниот министер Миле Јанакиевски со оваа последна првостепена пресуда надмина 15 години затвор вкупно од пресуди, а за него е активна и мерка куќен притвор повеќе од 3 години. Јанекиевски е пред самиот крај и во процесот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ каде се оечкува пресуда за предметот.