Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот прв човек на транспорт и врски, Миле Јанакиески, во неформален разговор открил дека решил да избега од државата откако преседателот Иванов одбил да го амнестира. Ова информација дошла до УБК кои со белешка го информарала СЈО, кое побарало и добило притвор за Јанакиески.
Специјалното јавно обвинителство одлучило да побара притвор за поранешниот министер Миле Јанакиески, врз основа на информација од МВР. Во решението на кривичниот совет со кое се уважува барањето на СЈО да му биде одреден притвор на Јанакиески, меѓу другото стои дека тој по примерот на екс премиерот Никола Груевски, сакал да побегне од државата..
Според информацијата од МВР, тој преку посредник барал средба со Претседателот Иванов, за да побара амнестија за сите против кои се водат судски процеси од специјалното обвинителство. Но, предлогот од Иванов бил категорично одбиен.
,,По завршување на средбата, посредникот се упатил на средба со обвинетиот за да го пренесе ставот на претседателот. Од страна на изворот било посочено дека обвинетиот сметал оти амнестијата е последна шанса да се спасат од кривична одговорност и одлежување на затворските казни. Обвинетиот поседува банкарски сметки надвор од Македонија, со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата, за што навел дека ќе го стори тоа доколку не му биде дадена амнестија“
Јанакиески кој денеска со полиција беше спроведен од затворот во Шутка на судење за предметот на СЈО – ТНТ, прашан во судница дали е во притвор сега, кратко одговори:
„Старите велат, ако не можете по магарето, удрете по самарот”
Поранешниот министер за транспорт и врски е обвинет уште во 5 други случаи на СЈО. Мерката притвор му беше одредена ден откако поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи дека е во Унгарија, каде побарал азил. Покрај на Јанакиески, мерка притвор во таа прилика му беше одредена и на поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.