Јанакиески вратен во Шутка – лекарите утврдија дека не треба да се оперира


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако од страна на лекарите беше констатирано дека нема потреба од оперативен зафат, кој го бараше самиот тој, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор Шутка.

Јанакиески беше префрлен во приватна болница пет дена порано, каде бараше да биде подложен на операција на срцето.

Службениците од затворот Шутка потврдуваат дека Јанакиески е вратен во притворскиот центар, додавајќи дека по контролата е утврдено дека тој е во добра здравствена состојба.

Не е јасно дали поранешниот министер повторно ќе штрајкува со глад во притворот, каде е задржан откако беше приведен како осомничен за случајот „Шпански скали“.и неодговорно работење за уште три државни градежни плацови.