Јанакиески: Во „Топлик“ сум невин – да знаев во 2007 што ќе се случува сега, уште тогаш ќе си поднесев оставка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески прифаќањето вина во „Титаник“ го смета за висок морален чин. „Но во овој предмет сигурен сум во мојата невиност“, рече Јанакиески денеска во завршен збор за предметот „Топлик“.

Паралелата со „Титаник“ ексминистерот ја направи откако минатиот петок тој заедно со Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и уште петмина други признаа вина.

Обвинителниот акт за предметот за „Топлик“ кој се однесува на изградбата на „Сончев град“, пак, Јанакиески го оцени како апсурден.

„Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да направивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што обвинителството го смета за штета. Да ја имав таа моќ, уште во 2007 година да предвидам сè што ми се случува сега, ќе си поднесев оставка уште тогаш и никогаш немаше да се занимавам со политика“, изјави Јанакиески, пренесе МИА.

Ексминистерот нагласи дека не постои ниту писмен, ниту вербален доказ дека до него бил доставен некаков записникот и дека тој дал потврда или согласност за објава.

„Апсурдно е тврдењето дека сум искористил службена положба, кога согласно закон само министер може да формира комисија, така било и пред мене и после мене“, изјави Јанакиески.

Тој посочи дека за овој предмет имал долг и опширен исказ од 12 часа за секој доказ и постапка, и замоли неговиот исказ и завршен збор да бидат земени предвид во целост при носењето на конечната одлука.

Претходно денеска завршен збор даде и обвинителот Бурим Рустеми, кој побара затворски казни за Јанакиески и останатите обвинети.

Во случајот „Топлик“, со Јанакиески, обвинети сè уште пет лица од Министерството кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште. Во обвинението, кое своевремено го подигна Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се тврди дека Јанакиески од првичната комисија за јавни наддавања добил записник дека не се исполнети условите за објава на јавното наддавање, но тоа го игнорирал, составил нова комисија од сега обвинетите и побарал сепак да ја објават постапката за наддавање. Членовите на новоформираната комисија, тврди Обвинителството, иако знаеле дека не се целосно обезбедени податоците за градежното земјиште го реализирале тоа. Потоа бил потпишан и договор со трговско друштво кое го купило земјиштето, но тој договор, според Обвинителството, не можел да се реализира поради проблеми со катастарските парцели. Од тие причини договорот за купопродажба на земјиштето бил раскинат, а Министерството ги вратило парите и отплатило затезна камата.