Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот министер за транспорт и врски обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство, Миле Јанакиески утрово со полициска придружба, со оперирана нога, со штаки беше спроведен на судското рочиште за случајот „Топлик“.
Јанакиески не се појави на минатото рочиште со оправдување дека ја скршил ногата, но обвинителот Бурим Рустеми побара обвинетиот да биде стражарно приведен за следното рочиште закажано за денеска.
Адвокатот Еленко Миланов тврдеше дека Јанакиески има сериозна повреда, односно скршеница и скинат лигамент на коленото.
Случајот “Топлик” се наоѓа пред завршница, а доколку од едно до друго рочиште поминат 45 дена без да се појави обвинетиот, тогаш случајот ќе мора да започне од почеток.
Според обвинението за случајот „Топлик“, првоосомничениот Миле Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Јанакиески со години е во домашен притвор, а пред извесно време беше донесена одлука да се брани од слобода. Но, веднаш по оваа одлука тој си ја скрши ногата.