Јаловина го наполни коритото на Каменичка Река


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Коритото на Каменичка Река од утрово беше исполнето со јаловина која, според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро.

Меѓу првите кои излегоа на терен беа членовите на здружението на спортски риболовци „Шаран” кои ја констатираа, како што наведуваат, катастофалната состојба.

-Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратенаи до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението ,,Шаран”.

Во меѓувреме, во моментот Општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка Река. Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои, според информациите на риболовното друштво, веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.