Славни

Јакната и панталоните на Оливија Њутн-Џон од „Grease“ продадени за 405.700 долари

Црната кожена јакна и тесните панталони кои актерката Оливија Њутн-Џон ги носеше во култниот мјузикл „Grease“, беа продадени за 405.700 долари на неодамнешна аукциска продажба, со двојно ја надминаа очекуваната цена.

Оригиналниот ракопис од сценариото за филмот, исто така, се најде на аукциско наддавање во Беверли  Хилс, Калифорнија, а за сите продадени ствари поврзани со овој славен холивудски филмски хит и актерите кои глумеа во него, беа собрани вкупно 2,4 милиони долари. Еден дел од приходите одат за Центарот за лечење рак од Њутн-Џон во Австралија.

„Grease“ беше објавен во 1978 година, а Оливија Њутон-Џон ја глумеше Сенди, додека Џон Траволта го толкуваше ликот на Дени. Бидејќи панталоните биле тесни кога се снимале филмот, Оливија откри дека морала значително да ослаби и да си ги ограничи храната и пијалоците за да може да ги носи.

Розовиот фустан кој таа го носеше на премиерата од „Grease“ беше продаден за 18.750 долари, потврдија од аукциската куќа Julien’s Auctions.

Advertisements
To Top