Home Актуелно Јакимовски изведен пред судија на распит – бил побаран притвор за него

Јакимовски изведен пред судија на распит – бил побаран притвор за него

Откако по налог на финансиската полиција беше направен претрес во неговиот дом, бившиот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски бил изведен на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.

Како што објави телевизијата 1ТВ, за екс градоначалникот на Карпош се бара притвор поради незаконско спроведување на три тендери за општинските бараки и плоштадот во Жданец, во чии рамки не била активирана банкарска гаранција.

Претходно, Јакимовски изјави дека решението да оди во притвор веќе е напишано, со цел, како што рече, да се направи притисок во пресрет на референдумот и да се оттргне вниманието од катастрофалните политики на власта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…