ЈАКА ТЕОРИЈА: Народите од Game Of Thrones биле испирирани од екс Ју – еве кои се Македонците!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога станува збор за планетарно популарната сериска сага Game Of Thrones, теориите кои се шират се безбројни, а една од нив прилично се рашири на овие простори.

Станува збор за теоријата во која се тврди дека Џ.Р.Р. Мартин при создавањето на една од најпопуларните серии на денешницата во светски рамки се инспирирал токму од распадот на Југославија.

Оваа теорија постои со години, а во последно време повторно се актуелизираше на социјалните мрежи. Еден Tumblr корисник се потруди детално да ги објасни врските меѓу серијата и бившата федерација.

Авторот на теоријата земјите и народите од Westeros ги спореди со оние на просторите на бившата социјалистичка федеративна република Југославија и донесе, ако ништо друго, интересни заклучоци.

Ланистерите се споредени со Словенците: „русокоси и богати луѓе кои мислат дека се подобри од останатите“.

Тирелите се Славонците кои „имаат богата и плодна земја, секогаш се одлучувачки фактор, но никогаш не се лидери“.

Грејџој се споредени со Далматинците: „Луѓе кои се почитуваат само едни со други, а останатите ги сметаат и држат за послаби. Тие се луѓето од морето“.

Господарите на „Соколовото гнездо“, Арини, ја претставуваат Црна Гора: „Планинска земја, практично неосвоива. Постојат чудни семејни односи, а на грбот им се наоѓа орел“.

Дорн, татковина на принцот Оберин, ги влече паралелите со Македонците: „Земјата од југот на чие знаме се наоѓа сонце. Секогаш се одвојувале од останатите. Во неа живеат згодни темнокоси луѓе поразлични од оние во останатите делови од кралството“.

Баратеоните ги претставуваат Босанците: „Големи и весели луѓе кои секогаш се спремни добро да се најадат и напијат, а ги сметаат за храбри и силни. Кралот Роберт е Тито, а после неговата смрт почнува распадот на кралството“.

Северот, на кој живеат популарните Старкови, е Србија: „Горд народ, борци за слобода, но некои ги сметаат за диви и груби. Зад ѕидот живеат дивјаци кои го претставуваат Косово“.

Брзоречието, дом на семејството Тули, е Војводина: „Неутрална земја слична на Славонија, која секогаш некако се најдува погодена од војните“.

Таргарјените се еквивалент на Караѓорѓевиќ кланот, кралско семејство во прогон.

Оваа теорија била поткрепена со изјава од Џорџ Р.Р. Мартин дека распадот на Југославија го заинтригирал, а книгите настанале во деведесеттите години од минатиот век, токму за време на војната во бившата федерација.

Меѓутоа, авторот повеќе пати има објаснето дека судирот меѓу Ланистер и Старк е инспириран од Војните на Ружата, во кои се судриле Ланкастер и Јорк клановите, и дека најголемо влијание на неговото пишување имале стрповите, Lord of the Rings книжевниот серијал и германската митологија.

Според тоа, иако оваа теорија е интересна и провокативна, а и прилично убедливо објаснета, на крајот, сепак, се чини дека „не држи толку вода“.