Јаја Туре без влакна на јазик: Еве што мисли за оние кои одат во Кина!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Играчот на Манчестер Сити, Јаја Туре јавно ги навреди сите оние кои се одлучуваат кариерата да ја продолжат во Кина и смета дека таквите фудбалери не го сакаат фудбалот.

Неговиот агент, Селук во неколку наварати истакна дека Јаја Туре има богати понуди од Кина, но после ваквата изјава јасно е дека Африканецот нема да се пресели во „ветената земја“.

„Кина? Според мене тие што одат таму не го сакаат фудбалот. Јас повеќе го сакам фудбалот отколку парите и збеснувам кога некој ќе спомене дека треба да одам во Кина. Зошто да одам таму, јас сакам да играм фудбал на високо ниво во силни лиги. Тука ќе прекинам за да не ги навредам многу оние кои заминаа во Кина“, истакна Јаја Туре, а потоа за пример го зеде Златан Ибархимовиќ.

„Ибра има 35 години, а погледнете на кое ниво игра. Сакам и јас така, и можам, сонувам да останам во Сити. Сакам да играм уште три години на највисоко ниво, не сум толку стар. Доколку не останам во Сити, сигурно е дека ќе одам во некоја од најдобрите лиги во Европа“, заклучи Африканецот.