Јахта, обезбедување, личен фотограф – катарскиот шеик ужива во тежок луксуз во Далмација


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Катарскиот шеик Хамад бин Калифа Ал Тани со семејството крстари по водите на Јадранското море, уживајќи во луксузот кој им го пружа 125-метарската јахта „Катар“ која е изградена во 2010 година.

„Катар“ моментално е 14-та по големина јахта на светот. Откако се вкотвија недалеку од Ломбард, многубројното катарско семејство одлучи да се освежи во една локална гостилница. Повеќето од нив таму пристигнаа со автомобили и по краток престој, се вратија со глисери назад на јахтата.

Бројното обезбедување, лусузните автомобили и џамбо јахтата со хеликоптер го привлекоа вниманието на локалното население и туристите. Семејството на шеикот со себе си носеше и приватен фотограф кој го овековечуваше секој миг од нивниот одмор.