Јадете темно чоколадо, препорачливо е – еве кои хранливи состојки ги содржи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се повеќе истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти на црното чоколадо за здравјето и го отстрануваат од листата на „забранети“ намирници.

Во 100 грамови црно чоколадо со 70 проценти какао има околу 570 калории, 9 грама протеин, 33 грама јаглехидрати, 42 грамови масти и дури 12 грамови влакна.

Чоколадото е богато со минерали како што се магнезиумот (200 милиграми во 100 грама чоколадо), железо (11 милиграми во 100 грама чоколадо), калиум (околу 700 милиграми во 100 граа чоколадо), фосфор и манган, а содржи и мала количина на витамин Б-комплекс.

Бидејќи е многу калорично, црното чоколадо треба да се консумира во мали количини – најдобро 10 до 30 грама дневно.