Ја загуби жалбата против ЕУ: Google ќе мора да плати над 4 милијарди евра казна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Google ја загуби жалбата против минатогодишната одлука откако Европскиот суд на правдата се договори со европскиот регулатор дека компанијата ја злоупотребила својата доминација, но казната е намалена за пет отсто.

„Судот ја потврдува одлуката на Европската комисија дека Гугл воведе незаконски ограничувања за производителите на мобилни телефони со системот Андроид и операторите на мобилната мрежа со цел да обезбеди доминантна позиција на својот пребарувач на пазарот“, заклучил судот.

Но, тој ја намалил казната за пет отсто, на 4,125 милијарди евра, во спротивно Google ќе требаше да плати 4,34 милијарди евра.

Комисијата за заштита на пазарната конкуренција ги нападна технолошките компании со цел да се обезбеди фер пазарна конкуренција на заедничкиот пазар на 27-те земји на Европската унија.

Страните можат да се жалат на одлуката до највисокиот европски суд на правдата.