Ја викаат „златна крв“ – најретката крв која ја имаат само 43 луѓе во светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Златната крв, всушност, е прекар за најреткиот вид негативен Rh-фактор, таканаречен Rh-ништо. Оние луѓе кои имаат ваква крв во медицината важат за вистинска аристократија, а крвта има статус на „сина крв“ како во светот на аристократските семејства.

Овој тип е толку редок, што во светот има само 43 луѓе, а до 1961 година, кога првпат била дијагностицирана крвта, лекарите мислеле дека ембрионите со овој тип крв ќе умрат во матката. За да го дознаат одговорот на прашањето зошто е таа толку ретка и зошто е опасно да се живее со неа, мора да се вратиме малку во минатото.

Во античките времиња нашите предци знаеле многу малку за крвта, но тоа не им пречело да изведат низа различни теории за тоа што всушност е крвта – овие теории варирале од време до култури. Така, лекарите од времето на Шекспир верувале дека крвта е една од четирите телесни течности.

Уверувањето уште од времето на грчките лекари е дека овие течности одредуваат нечија личност. Крвта (латински сангуис) се сметала за топла и влажна, па станала дел од ликот на сангвикот. Колку повеќе крв личноста имала во својот организам, толку таа била пострасна, похаризматична и поимпулсивна. Се верува дека тинејџерите имаат многу крв и дека мажите имаат повеќе крв отколку жените.

Тоа довело до низа лоши медицински совети. Најславниот меѓу сите бил оној на докторот Гален од Пергам, кој верувал во мислата: – Кога се сомневаш, пушти крв. Тој ја прогласил крвта како доминантна течност, а пуштањето на крвта – начин за балансирање на телото.

Откритието на Вилијам Харви од 1628 година за циркулацијата на крвта е едно од големите медицински откритија што довеле до развој на модерната хематологија. Набрзо следувале и првите обиди за трансфузија на крвта, но неуспешни, сѐ до обидот на британскиот лекар Ричард Нин во 1665 година. Неговата операција била спроведена врз кучиња, а успехот го поттикнал доктор Жан-Баптист Денис да се обиде да изведе трансфузија од животни на луѓе, наречена „ксено трансфузија“. Пос смртта на пациентот, оваа практика била забранета.

Првата успешна трансфузија на крв била изведена во 1818 година, со што британскиот доктор Џејмс Блундел успешно спречил крвавење по породување. И покрај техниката и некои успешни примери, голем број пациенти години подоцна умирале при трансфузијата од мистериозни причини.

Австрискиот лекар Карл Ландштајнер во 1901 година започнал да работи на класификација на крвни групи. Ја истражувал работата на физиологот Леонард Ландоис, кој покажал дека крвните клетки се окупираат кога од едно животно се ставаат во друго. Ландштајнер сметал дека слично може да се случи и со трансфузијата од човек на човек, што објаснило зошто трансфузиите биле неконзистентни.

Во 1909 година ги класифицирал крвните групи А, Б, АБ и О, а во 1930 година добил Нобелова награда.

Што го предизвикува создавањето на крвни групи?

Крвта се состои од крвна плазма, крвни клетки – еритроцити, леукоцити и крвни плочки – тромбоцити.

Секоја компонента има своја функција, но црвените крвни клетки се одговорни за дефинирање на крвната група. Присуството или отсуството на одредени антигени го одредува типот на крв – крвната група А има само антигени А, типот Б само Б, а типот О ниту една. Црвените крвни клетки содржат и друг антиген наречен RhD протеин. Кога е присутен, се смета дека типот на крвта е позитивен, а кога е отсутен, тогаш типот на крв е негативен. Вообичаените комбинации А, Б и RhD антиген даваат осум вообичаени вида крв (A +, A-, Б +, Б-, AБ +, AБ-, O + и O-).

Системот функционира така што имунолошкиот систем ги пропушта крвните клетки, само ако го препознае антигенот. Ако не го препознае, го активира одбранбениот систем на телото и го уништува напаѓачот. Иако нашиот имунолошки систем е доста силен, не е многу бистар. Ако личност со крвна група А прими трансфузија со крвна група Б, имунолошкиот систем нема да ја препознае супстанцијата како неопходност за спасување на животот. Наместо тоа, ќе помисли дека станува збор за „освојувач“ и ќе нападне. Затоа голем број луѓе за време на трансфузии се разболеле или починале. Луѓето со крвна група О се сметаат за универзални крводарители. Нивните крвни клетки немаат А, Б и RhD антигени, па имунолошкиот систем не ги доживува како закана и едноставно ги пушта.

Зошто златната крв е најреткиот тип?

Претходно споменавме дека RhD протеинот се однесува само на еден од 61 потенцијален протеин во Rh-системот. Крвта се смета за Rh-негативна ако ѝ недостигаат сите 61 антиген во Rh-системот. Ова не само што ја прави ретка, туку и значи дека може да ја прими кој било со редок тип на крв во рамките на Rh-системот. И токму затоа се нарекува златна крв.

Таа е медицински доста важна, но со неа е опасно да се живее. Ако на личноста што е носител на Rh-фактор ѝ е потреба трансфузија на крв, може да биде претешко да се најде донатор.

Околу крвните групи и понатаму постојат мистериозни прашања, на пример, зошто луѓето развиле А и Б антигени. Некои теории велат дека овие антигени се нуспроизвод на разни болести со кои луѓето се соочиле во минатото. Но, тоа не може да се тврди со сигурност.

Во отсуство на соодветно објаснување за крвта, се развиле многу митови:

Дали крвната група влијае врз личноста?

Јапонската теорија за личноста преку крвните групи ја оживува оваа древна теорија според која оние што имаат крвна група А се пребирливи, додека оние со крвна група Б се оптимистични и ги тераат работите по свое. Но, истражување од 2003 година спроведено на над 180 жени и исто толку мажи не пронашло поврзаност помеѓу крвните групи и личноста.

Дали исхраната треба да се заснова врз основа на крвната група?

Гален од Пергамон го направил токму тоа. Тој ги советувал своите пациенти да јадат одреден вид храна за да дојде до баланс во организмот.

Диетата по крвна група ја предложил и авторот Питер Џ.Д Адамо. Тој предложил оние што имаат крвна група А да имаат исхрана базирана на овошје, зеленчук и цели житарки и да не јадат месо. Оние со крвна група Б треба да јадат зелен зеленчук, одреден вид месо итн. Истражување спроведено на Универзитетот во Торонто на над 1.455 испитаници не пронашло докази за потврдување на теоријата.

Дали постои врска помеѓу крвните групи и одредени болести?

Постојат докази дека одредена крвна група може да го зголеми ризикот од развој на одредени болести. Една анализа покажа дека крвната група О го намалува ризикот од мозочен удар, додека крвниот проток на крвта се зголемува. И оние со група О лесно може да развијат рани или рак на кожата.

Но, ништо од ова не е целосно потврдено и тоа зависи од начинот на живот, вежбањето и исхраната.