Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишната Маршала Перкинс од Тексас беше уапсена од полицијата откако кај неа биле пронајдени два грама марихуана. Нејзината фотографија за полициското досие брзо станала вирален хит на социјалните мрежи.
Иако фотографијата е стара неколку месеци, неодамна ја откри една корисничка на Твитер и веднаш следеа лајковите. Имено, на жените најмногу им се допаднало како таа е нашминкана.
„На почетокот мислев дека е непријатно затоа што мојата фотографија толку се прошири, но бидејќи прочитав позитивни коментари, помислив и дека не е така лошо“, вели Маршала.
Набрзо нејзиниот број на следачи на Инстаграм порасна, а една компанија и понуди за нив да направи мејк- ап колекција. Неодамна направи свој Јутјуб канал, иако уште нема објавена видеа на него.